ЧЕСТВУВАЊЕ НА 4 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА

ЧЕСТВУВАЊЕ НА 4 НОЕМВРИ – ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА БИТОЛА

Со приемот на делегација од Сојузот на борци од Битола во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, започна денешното одбележување на празникот на Битола, 4 Ноември.

Свеченоста продолжи со положување на цвеќе пред споменикот на НОАВМ пред Центарот за култура во Битола, на која покрај градоначалничката Петровска и претставниците на Сојузот на борци, цвеќе положија и делегациите од збратимените градови Херцег Нови и Цетиње, претставници на политичките партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Градоначалничката Петровска упати честитка до сите граѓани на Општина Битола и до присутните гости.

Чествувањето продолжи на Партизанските гробишта, каде делегациите се поклонија пред борците, кои што ги положија своите животи за денешната слобода.