Хуманост, поддршка, подадена рака и можност за подобро утре.
Ваква беше денешната атмосфера на Плоштадот Магнолија, каде здружението на граѓани за советување, поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле „Јасмин“ го организирше Велигденскиот базар.
Под мотото „Заедно во борба со карциномот“, 24 учесници од градот, меѓу кои здруженија, приватни фирми и други физички лица, заеднички креираа настан за поддршка на сите оние на кои им е најпотребна.
Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, која даде комлетна поддршка на реализацијата на активностите на Здружението, денеска заедно со неговите членови беше дел од „Велигденскиот базар“.