ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО КРКЛИНО

ФУДБАЛСКО ИГРАЛИШТЕ ВО КРКЛИНО

Жителите на селото Крклино ќе добијат ново фудбалско игралиште. Проектот е дел од програмата на локалната самоуправа, а истиот се реализира по барање на мештаните.
„Ова игралиште беше повеќегодишна желба на мештаните. Можеби потрошивме повеќе време, но сега сум сигурен и уверен дека најдовме исклучително добра локација за фудбалското игралиште. Ова е еден од поголемите приоритети кои мештаните ги бараа изминатите години. Вредноста на игралиштето е околу 3 000 000 денари, а истото ќе има два монтажни контејнера кои ќе служат како соблекувални за играчите “, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески.
Жителите на Крклино ја поздравија реализацијата на овој проект, потврдувајќи го неговото големо значење за сите фудбалери од ова село.
„Ние во Крклино имавме фудбалски терен, но истиот го изгубивме со денационализацијата. Сите овие години со општината баравме локација да изградиме фудбалски терен и благодарение на луѓето од општината успеавме да најдиме локација, а потоа да ја пренамениме од земјоделско во градежно земјиште и денеска тука да се гради овој фудбалски стадион кој ќе биде од голем бенефит за нашето село, изјави Пеце Бејковски, жител на село Крклино, активен член во фудбалскиот клуб од Крклино.
Градоначалникот потсети и на двата други проекти во Крклино кои неодамна ги реализираше Владата во соработка со локалната самоуправа, а како резултат на истите мештаните добија ново училиште, а заврши и изградбата на патот Крклино – Горно Оризари. Градоначалникот Талески, во разговорот со мештаните ги договори и планираните идни реконструкции во ова место кои треба да бидат завршени најдоцна идната градежна сезона.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC