ФИНАЛНА ФАЗА НА КРАК ОД „КЛЕНОВЕЦ“

ФИНАЛНА ФАЗА НА КРАК ОД „КЛЕНОВЕЦ“

Привршуваат инфраструктурните зафати на крак од ул. „Кленовец“. По реновирањето на канализационата мрежа од страна на екипи на КЈП „Нискоградба“ во вредност од над 70.000 денари, комплетно се изврши реновирање на водоводната мрежа. До сите куќи, екипи на ЈП „Водовод“ извршија промена на водоводните цевки со нови, во вредност од 140.000 денари. Финалната фаза на изведба, која што започна денес, опфаќа ископ на земјениот материјал и подготовка на теренот за монтажа на бехатон плочки, во вредност од 120.000 денари, со што комплетно ќе биде извршена занација на дел од улицата „Кленовец“.