ФИНАЛЕ НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ-КРЕАТОРИ НА НАШАТА ИДНИНА“

ФИНАЛЕ НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ-КРЕАТОРИ НА НАШАТА ИДНИНА“

Над 370 ученици од цела држава, меѓу кои и ученици од битолските училишта, од 28 јуни до 4 јули ги презентираат своите вештини во повеќе области, меѓу кои музика, драма, ликовно творештво, спорт, на камп натпреварот во Извидничкиот центар во Охрид, во рамките на проектот „Младите-креатори на нашата иднина“.

Општина Битола ја даде поддршката за реализација на овој проект, на кој се работеше во изминатите месеци, а учениците заедно со нивните ментори работеа, твореа, креираа  и  ги развваа своите вештини.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, на стартот од реализацијата на проектот, ја поздрави иницијативата на организаторите, да креираат проект кој во денешно време ќе донесе дополнителен поттик, радост и дружење кај помладата генерација.

Покрај Општина Битола, во проектот се вклучени и општините Центар,Куманово, Радовиш и Охрид, Агенцијата за млади и спорт, а носител на проектот е здружението „Т’га за југ“.