УЧЕНИЦИТЕ – ЧУВАРИ НА ТРАДИЦИЈАТА, КУЛТУРАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

УЧЕНИЦИТЕ – ЧУВАРИ НА ТРАДИЦИЈАТА, КУЛТУРАТА И ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во акцијата „Генерaлка викенд“, која е поддржана од Општина Битола, се вклучија и ОУ „Елпида Караманди“, ОУ „Ѓорги Сугарев“, ОУ „Даме Груев“, ОУ „Стив Наумов“, ОУ „Д-р Трифун Пановски“, ОУ „Св. Климент Охридски“, а од средните училишта ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ и СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.

Учениците во основното училиште „Даме Груев“ во населбата Јени Маале, денес, на големиот празник Ѓурѓовден, ја споија традицијата, културата и екологијата. Низ песна и игра, со поставување врбови гранчиња, во чест на пролетта, будењето на природата и на животот, организираа и акција за расчистување, во рамките на „Генералка викенд“.

Градоначалникот Коњановски, го посети училиштето, каде учениците покрај чистењето, испратија и повеќе пораки за здрава и чиста животна средина, а беа и дел од работилницата во рамките на проектот „Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра“, кој Општина Битола, го спроведува во партнерство со општини од Албанија и Франција. Учениците од ова училиште се таканаречени чувари и интерпретатори на Старата чаршија, кои истражуваат и подготвуваат презентација и интерпретација за 10 интересни точки, за кои Општина Битола подготвува сигналитика која наскоро ќе биде поставена. Со овие работилници, учениците се мотивираат и на активно делување за грижа на културното наследство кое го поседува Битола, но и негова заштита од вандализми и несовесност.