УНИШТЕН ТЕРМИНАЛОТ НА ЈП ПАРКИНЗИ КАЈ ЈАВОР

УНИШТЕН ТЕРМИНАЛОТ НА ЈП ПАРКИНЗИ КАЈ ЈАВОР

Во текот на ноќта, непознати сторители го оштетиле и уништиле терминалот за наплата на паркинг просторот кај поранешен „Јавор“ во Битола. По забележаното оштетување, од страна на ЈПП ЈЛП веднаш е известена полицијата, која изврши увид на лице место и се трага по непознатите сторители.

Со овој извршен вандализам, целосно е оштетена терминалната единица за наплата на паркинг просторот, со што на јавното претпријатие „Паркинзи“ му е предизвиката штета од околу 5000 евра во денарска противвредност.

Директорот на јавното претпријатие Зоран Дојчиновски, истакна дека на овој начин, оштетувајќи ги јавните добра, се прави севкупна штета на општината и нејзините жители.