ТРАДИЦИОНАЛНА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА

ТРАДИЦИОНАЛНА НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА

Во организација на Сојузот на спортови од Битола и во соработка со општина Битола, како дел од четвртоноемвриската програма, се одржа 58 традиционална ноќна атлетска трка. На трката учество зедоа над 1200 битолчани, ученици од основните и средните училишта од општината, студенти и други граѓани. Многубројната публика и натпреварувачите ги поздрави градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која на неколку поединечни победници им ги врачи  наградите и медалите. На настанот присуствуваа и советници од Советот на општина Битола, кои исто така доделија неколку награди и медали. Според освоените резултати, екипен победник во основните училишта е ОУ „Коле Канински“, а во средните училишта СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.