ТЕНДЕРСКАТА ПОСТАПКА ЗА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ

ТЕНДЕРСКАТА ПОСТАПКА ЗА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ

Во текот на вчерашниот ден Општина Битола го доби Договорот за реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерно уредување, со што е комплетирана целосната документација за отпочнување на санација на Офицерскиот дом во Битола. Со потпишувањето на договорот од страна на вицепремиерот Кочо Анѓушев, може да започне тендерската постапка за избор на изведувач за реконструкција на Офицерскиот дом.

„Договорот ги има сите потписи, вклучително и потписот од Владата од страна на господинот Анѓушев, така што останува да се изврши регистрација во Секретаријатот за европски прашања на истиот договор и започнува тендерската постапка. Со ова потврдувам дека Офицерскиот дом во оваа градежна сезона ќе се гради“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

Отпочнувањето на реализацијата на проектот за реставрирање и адаптирање на Офицерски дом заедно со партерно уредување е голем успех за локалната самоуправа, која во изминатите 18 месеци работеше на комплетирање на целосната документација за реставрирање на овој објект од клучно значење за градот под Пелистер.