ТЕМЕЛНО ИСЧИСТЕНА ОБИКОЛНИЦАТА НАД БИТОЛА

ТЕМЕЛНО ИСЧИСТЕНА ОБИКОЛНИЦАТА НАД БИТОЛА

Со денешните активности завршува темелното чистење на депонијата на магистралниот пат А3 во делот на обиколницата над Битола. Состојбата во овој дел е комплетно променета, а отстранети се вкупно 2000 м³ отпад. Покрај координираното делување на терен и спроведените активности со соодветна механизација од страна на јавните претпријатија, деновиве за дорасчистување рачно интервенираа и 10 вработени од ЈП Комуналец.

Покрај отстранувањето на отпадот, ќе се изврши и миење на улицата со цистерна, со цел завршување на координираната акција за чистење на големата депонија, која претставуваше опасност за возачите, лоша слика на влезот во градот, а од еколошки аспект со себе повлекуваше низа штетни последици.

Одржувањето на сегашната состојба, покрај со организирани активности од страна на општината и јавните претпријатија, потребно е да биде приоритет и на однесувањето на граѓаните, кои нема да дозволат појава на нова депонија.

Јавното претпријатие „Комуналец“, во овој дел продолжува и со расчистување на игралиштето над магистралниот пат, од каде се отстранети 200 м³ отпад, а во крајната фаза на расчистување на игралиштето, ќе биде вклучено и месното население.