СТУДИЈА ЗА „ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ БИТОЛСКИ РЕГИОН“

СТУДИЈА ЗА „ПАМЕТЕН И ОДРЖЛИВ БИТОЛСКИ РЕГИОН“

Претставници на Кралскиот институт од Шведска (KTH), заедно со претставниците на хуманитарната организација „Hand Till Hand“ во соработка со „Sweco“, ја посетија општина Битола и остварија средба со градоначалникот Тони Коњановски.

На средбата, гостите од Шведска го запознаа градоначалникот со нивната следна цел, изготвување на студија за „Паметен и одржлив Битолски регион“, која има за цел да достави конкретни препораки, како да се создаде одржлива урбана средина до 2030 година. Студијата ќе опфаќа идентификување на предизвиците во однос на искористувањето на енергијата и ресурсите, како и наоѓање на оптимална комбинација на мерки за справување со овие предизвици. Преку оваа студија, ќе се истражат потенцијалните патишта по кои би можел да се движи Битолскиот регион во транзицијата за чиста енергија.

Градоначалникот се заблагодари за оваа иницијатива, оценувајќи ја како одлично продолжување на соработката со Кралскиот институт и хуманитарната организација„Hand Till Hand“, со која општината досега во повеќе наврати веќе остварила соработка. Тој потенцираше дека општината веќе работи на процесите на Праведна транзиција и секој научно засонован документ е добредојден во правилна насока на реализација на чист, урбан и одржлив град.

Претставниците остварија работен состанок со дел од општинската администрација задолжен за енергетските и комуналните проекти, како и со претставниците на јавните претпријатија, со цел да ја координираат натамошната заедничка соработка.