СТАВЕНА ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНАТА СПОРТСКА САЛА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ КОЛЕ КАНИНСКИ

СТАВЕНА ВО УПОТРЕБА РЕКОНСТРУИРАНАТА СПОРТСКА САЛА ВО ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ КОЛЕ КАНИНСКИ

Часовите по физичко и здравствено воспитување од денес се одржуваат во нови, комплетно реновирани услови на спортската сала на основното училиште  „Коле Канински“ во Општина Битола. Градоначалникот на Општина Битола, пред неполн месец ја најави реконструкцијата, а денес присуствуваше на првиот час: „Пред извесно време бевме во истата спортска сала, во ОУ Коле Канински и ветивме дека за кратко време ќе ја завршиме. Тогаш, како мал пропуст во проектот не беше предвидено осветлувањето, но брзо се корегиравме и тоа е поставено. Така што, овој цел проект, смена на паркетот, од кој дел е од Спортската сала „Младост“, како и дел дополнително набавен, бојадисување и осветлување на просторијата, изнесува околу 900 000 денари. Мислам дека е на голема радост на учениците, наставниците, директорката и мислам дека претставува придобивка за спортот во Битола. Продолжуваме со ваквите проекти. Ги завршивме двете ветени спортски сали во двете основни училишта, претходно интервениравме во спортската сала „Младост“, а во напредната фаза се и активностите на стадионот под „Тумбе кафе“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески на денешната прес конференција во основното училиште. Градоначалникот изрази верување дека новата локална самоуправа ќе ги продолжи зацртаните проекти кои се во тек на реализација и кои произлегуваат од реалните потреби и барања на граѓаните.

SONY DSC