Денес, на 1ви септември градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, го посети подрачното училиште во с. Канино, каде децата првиот училишен ден го поминаа во нова училница во реконструираното училиште, чија вредност на реконструкција изнесува 1.5 милион денари . Во истото запишани се 11 ученици од прво до петто одделение. Градоначалникот Талески го посети и основното училиште „ Св. Климент Охридски “, во кое оваа година има запишано најмногу првачиња, поточно 120.
„Денеска е првиот училишен ден, им посакувам многу здравје, многу среќа и се разбира многу успех. Она што е најважно е да се вложи во нешто што навистина нема цена, а тоа е знаењето и затоа се обидуваме максимално со сите наши сили и сите наши капацитети, да овозможиме максимални услови, за убав и безбеден процес на образование на сите деца во нашата општина.“ изјави градоначалникот Талески.