Со голема радост за постигнатите резултати и со најубави желби за многу нови успеси, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и честиташе на својата сограѓанка, носителката на бронзениот медал од Светското првнство во Чеонгју, Јужна Кореја, битолчанката Оливера Наковска-Бикова. Светската рекордерка, која на денешната средба во општина Битола, гостуваше заедно со претседателот на сојузот за спорт и рекреација на инвалиди, Васко Стефановски, ги искажа своите импресии од учеството во сите три дисциплини на светското првенство кое се одржа во периодот од 1 до 12 мај. Првиот ден, во дисциплината спорт – пиштол, 25 метри микс, во која учествуваа мажи и жени, во официјалниот дел со резултат од 569 круга, Наковска – Бикова обезбеди квота за директно учество на Параолимписките игри во Токио 2020. Посебно радува и за пофалба е фактот што од 8 натпреварувачи, Наковска – Бикова, беше единствената претставничка од понежниот пол. Големиот успех, трето место – бронзен медал, Наковска – Бикова го освои во дисциплината воздушен пиштол 10 метри со резултат од 570 круга, со што го изедначи светскиот рекорд. На денешната средба, Градоначалничката Петровска, поддржувајќи го успехот, искажа подготвеност за понатамошна поддршка на спортистите со инвалидитет. Наковска – Бикова, заблагодарувајќи се на приемот и наградата од градоначалничката, нагласи дека ваквата поддршка за неа претставува дополнителен стимул за максимално ангажирање и понатамошни подготовки, со цел и во иднина, достојно и со високи резултати, да го претставува нашиот град Битола, во светот.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор