СРЕДБА СО НОВОЗНАЗНАЧЕНИОТ КОНЗУЛ ИВАНОВ

СРЕДБА СО НОВОЗНАЗНАЧЕНИОТ КОНЗУЛ ИВАНОВ

Новоназначениот конзул во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола, Димитар Иванов, денес имаше работна средба со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
На средбата со конзулот Иванов, кој во Битола е само седум дена, беше разговарано за перспективите на соработката на општината и конзулатот, досегашните активности, како и за плановите за идна можна соработка на повеќе полиња. Двајцата соговорници изразија задоволство од средбата, која што понатаму треба да биде појдовна точка за соработка на конкретни проекти од двете страни.