Во рамките на теренските активности, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска се сретна со месното население од улиците 21-ва и 22-ра во Битола. Во моментов, на краци од овие две улици, се изведуваат градежни активности со поставување на бехатон плочки, на површина од околу 1000 метри квадратни.
Жителите на овие улици ги поздравија инфраструктурните зафати, со кои веќе нема да влегуваат преку кал до своите домови. Кажаа дека со децении, пристапот до домовите им бил во ужасна состојба, при што секогаш биле приморани да носат резервни обувки до излегувањето на првата асфалтирана улица.
Градоначалничката Петровска ја повтори заложбата на оваа локална самоуправа, да им се помогне на жителите во што повеќе населби во градот кои што имаат инфраструктурни проблеми, оставени со децении наназад, сеедно дали станува збор за зафати од комуналната, водоводната или патната инфраструктура.