СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА

СРЕДБА СО АМБАСАДОРОТ НА ШВЕДСКА

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска попладнево имаше средба со Матс Стафансон, амбасадор на Шведска во Република Македонија. Во фокусот на средбата се најдоа актуелните состојби, насоки на работа и планови на локалната самоуправа, а амбасадорот изрази посебен интерес за историските и културните вредности на Битола.

Амбасадорот Стафансон, ќе присуствува и на вечерта посветена на шведскиот филм на ИФФК Браќа Манаки, во чии рамки вечерва се прикажува филмот „Персона“, по повод 100 години од раѓањето на Ингмар Бергман.

Ингмар Бергман беше шведски филмски и театарски режисер, писател, управник на театар, драматург, вљубеник во филмот. Тојнапиша и(ли) режираше повеќе од 60 филмови и 170 театарски претстави и има објавено повеќе од 100 книги и текстови.