Амбасадорот на Република Словенија, проф д-р Милан Јазбец, денес ја посети Општина Битола, каде на работен состанок со градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, разговараше за соработката која ќе следува во идниот период. Во тој контекст, беше ставен акцент на соработката во образованието, но и на прецизирањето на конкретни активности кои се однесуваат на зголемената соработка и едукативната поддршка на општината, во делот на искористувањето на европските фондови. Како резултат на досегашните средби, договорено е на 9 јули експерти од Словенија да одржат еднодневна обука, на тема: Подготовка и реализација на проекти поддржани од Европските фондови.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/06/AmbasadorSlovenija2018-2-783x553.jpg)