СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ИФФК БРАЌА МАНАКИ

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА СО ДИРЕКТОРКАТА НА ИФФК БРАЌА МАНАКИ

Оваа година, Битола по 39 ти пат ќе биде домаќин на ИФФК „Браќа Манаки“. Со цел, достоинствена соработка и професионална организација на фестивалот, денес Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска оствари средба со директорката на ИФФК „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска и новиот претседател на Друштвото на филмските професионалци во Република Македонија, режисерот и сценарист, Игор Иванов. На средбата се разговараше за повеќе детали кои се однесуваат на целокупната организација на оваа меѓународна филмска манифестација, како истата би била се поуспешна.