СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР И ПОСЕТА НА ИЗЛОЖБАТА „УШТЕ ПОБЛИСКА УНИЈА“

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР И ПОСЕТА НА ИЗЛОЖБАТА „УШТЕ ПОБЛИСКА УНИЈА“

Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работна средба со амбасадорот на Италија во Република Македонија, г-дин Карло Ромео. Веднаш после средбата, следуваше посета на изложбата „Уште поблиска унија“, која беше отворена од страна на Амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар и италијанскиот Амбасадор Карло Ромео. Изложбата е организирана од Историскиот архив на Европската Унија во рамки на Институтот на Европскиот универзитет и се базира на архивски документи и фотографии од Историскиот архив на Европската Унија, Дипломатскиот историски архив на италијанското министерство за надворешни работи и меѓународна соработка и архивот на Национална асоцијација за печат. Организатори на изложбата се  Делегацијата на Европската Унија и Амбасадата на Република Италија во Скопје, а истата беше отворена по повод 60 години од потпишувањето на Римските договори.