СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЏЕЗ МРЕЖАТА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЏЕЗ МРЕЖАТА ФРАНЦИЈА – БАЛКАН

Претставници од четири држави членки во проектот Џез мрежа Франција Балкан, остварија средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

На средбата, беа претставени и разгледани капацитетите и можностите кои општина Битола ги нуди за одржување на културните настани. Градоначалникот Коњановски потенцираше дека Битола е град на културата, особено во летните месеци, кога се одржуваат бројни настани во рамките на Бит Фест.

Присутните го запознаа градоначалникот со можностите за продолжување на оваа културна размена и во следните години, преку проект кој повторно ќе биде аплициран до француското министерство за надворешни работи.

Француско-Балканската џез мрежа, покрај заедничката соработка на градовите и џез фестивалите, има за цел да обезбеди заедничка размена на џез уметници, кои можат да земат учество на некој од фестивалите во градовите претставници – Дижон и Шамбери во Франција, Подгорица во Црна Гора, Ниш во Србија, Тирана во Албанија и Битола.

Општина Битола е претставник на нашата држава во Француско-Балканската џез мрежа, како поддржувач на битолскиот „Џез фактори фестивал“, а времетраењето на проектот се совпаѓа со одржувањето на фестивалот во Битола.

По одржаните сесии во Дижон во Франција, Тирана и Фиер во Албанија и Подгорица во Црна Гора, Битола е домаќин на четвртата по ред средба на претставниците од мрежата, со што воедно и завршува овој проект.