СРЕДБА НА АМБАСАДОРОТ ДЕЈВИД ГИР СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ И РАЗГЛЕДАНИ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

СРЕДБА НА АМБАСАДОРОТ ДЕЈВИД ГИР СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ И РАЗГЛЕДАНИ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, денес оствари првa официјална посета на општина Битола. На средбата со градоначалникот Коњановски, разговараа за новите предизвици и можностите за понатамошна соработка, во повеќе области, меѓу кои животната средина, младите, економскиот развој и други области во кои општината би можела да добие поддршка за реализација на повеќе проекти.

„Ми претставува голема чест, што денес имавме прва официјална средба со Амбасадорот на Европската унија, Неговата Eкселенција Дејвид Гир, со кој разговаравме на повеќе теми, кои се однесуваат на континуитетот на проектите кои веќе се реализираат во општината со финансиска поддршка од европските фондови, како и за нашата идна соработка.

Пред Амбасадорот Гир, ги претставив клучните приоритети кои како локална самоуправа планираме да ги реализираме во четиригодишниот мандат, ставајќи акцент на можностите за реализација на нови проекти кои се однесуваат на повеќе области, пред се на подобрување на квалитетот на животната средина, енергетската ефикасност, туризмот. Подготвени сме за новите предизвици кои произлегуваат од европските програми и фондови, со кои ќе делуваме кон воспоставување на европски практики и имплементирање на европски вредности, воспоставување и интензивирање на соработката со општини од ЕУ, пред се со општините од пограничната област.

Во овој контекст, како локална самоуправа, работиме и на постојано зајакнување на општинските капацитети со формирање на сектор за меѓународна и прекугранична соработка, со цел професионално, посветено и експедитивно работење при аплицирање и реализација на одобрените проекти од Европската унија.

Покрај работата на перспективните цели, насочени сме и кон успешна дореализација на започнатите проекти финансирани од ЕУ во нашата општина, но и обезбедување функционалност и одржливост на веќе реализираните инвестиции.

Би сакал да нагласам дека, благодарение на поддршката од Европската Унија во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“, финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, завршена е реконструкцијата на Офицерскиот дом, а со неговото содржинско збогатување, повторно овозможуваме заживување на овој објект“, изјави Градоначалникот Тони Коњановски, информирајќи и за активностите кои се реализираат и со проектите „Кинокултура“, „Смарт кул тур“, „Интеграција на зелен транспорт“ и „Бенефит“, финансирани од Европските фондови.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека за сите реализирани проекти, потребно е да се обезбеди, функционалност и одржливост, а со Амбасадорот Гир, разговараа и за можноста за отворање на „Куќа на Европа“ во Битола.

„Една од темите коишто денес ги разговаравме, беше поврзана со младите кои се богатство на секоја земја и на секој град. Имајќи го предвид тоа, Пелагонискиот регион и градот Битола, се соочува со предизвикот, со проблемот на младите луѓе кои си заминуваат од земјата и во таа насока ја разгледавме можноста за отворање на Куќа на Европа (Europe house), како можност, како простор за младите во кој ќе може да креираат, да разговараат за вредностите, простор каде младите ќе можат да расцветаат. Разговаравме за богатата култура која што овој град ја има, разговаравме за програмата за соработка со пограничната општина Корча и се разбира дека сите овие проекти, придонесуваат кон збогатување на културното богатство на овој регион, но и за зајакнување на соработката помеѓу пограничните општини. Исто така, разговаравме и за животната средина, огромно прашање за овој град, за бројни прашања и аспекти поврзани со неа, разговаравме за проектот за инвестиција во отпадните води т.е нивното менаџирање, разговаравме и за проектот ЕУ за чист воздух, за многубројните прашања и напорите кои ЕУ ги прави за обезбедување на почист воздух во вашата општина. Разговаравме и за проектот „Правилна транзиција“, односно разговаравме за РЕК Битола, како да се направи транзиција кон зелено производство на електрична енергија и како може ЕУ да придонесе во овој контекст“, изјави Амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир, при неговата посета на Општина Битола.