СО ТУТОРСКА НАСТАВА ПРЕКУ РОМАКТЕД ПРОГРАМАТА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ КАЈ 70 УЧЕНИЦИ

СО ТУТОРСКА НАСТАВА ПРЕКУ РОМАКТЕД ПРОГРАМАТА ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ КАЈ 70 УЧЕНИЦИ

Од месец април до декември 2023 година, Општина Битола, во соработка со ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, реализираше туторска настава. како партнер општина, со средства обезбедени во РОМАКТЕД Програмата фаза 2, за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“, како дел од акцијата „Пост КОВИД – 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“, финансирана во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа. Со туторската настава беа опфатени над 70 ученици од второ, трето и четврто одделение, а ја спроведуваа 6 тутори, раководени од еден консултант. Градоначалникот Коњановски, денес ги посети учениците кои беа вклучени во туторската настава, најавувајќи нејзино продолжување, со финансиска поддршка од општинскиот буџет:

„Обврските на ангажираните тутори беа да овозможат поддршка по предметите: математика, македонски и англиски јазик, да ги привлечат и заинтересираат учениците за наставните предмети, како и да им го олеснат процесот на стекнување на знаења и совладување на наставниот материјал. Како поддршка за туторската настава, преку проектот „Ромактед“, беа набавени и материјали за учениците и туторите, кои им помогнаа за поквалитетно изведување на туторската настава.

Поради тоа што кај учениците има видливи резултати од одржувањето на туторската настава, а и родителите се многу задоволни, Општина Битола одлучи да продолжи  наставата и во второто полугодие, со што издвои средства од сопствениот буџет за продолжување на туторската настава и ангажирање на шест тутори преку јавен повик од месец февруари до крајот на оваа наставна година.

На овој начин, како општина даваме поддршка на учениците Роми кои се соочуваат со одредени потешкотии во образовниот процес, имајќи ја предвид и социјалната компонента и создавајќи еднакви можности за учење и напредување на секој ученик, што е од клучно значење за напредокот и позитивните промени во еден град“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Значењето на туторската настава беше потврдено и од туторите и од учениците:

„Благодарение на успешното функционирање на оној триаголник, родител, наставник ученик, постигнавме големи резултати со туторската настава. Беше направен увид на потребите на учениците, а со континуирана поддршка на родителите обезбедивме редовно и навремено посетување на туторската настава. Наставата се одвиваше после редовната настава, што значи, децата после петтиот и шестиот час, остануваа дополнителни 60 минути, искрено 4-5 дена во неделата. Тоа е за поздравување и ние бевме многу задоволни од опфатот и соработката со децата и имавме најголема вклученост на деца 70, за разлика од другите општини каде имаше до 30“изјави Наташа Тодоровска, одделенски наставник, консултант и тутор.

Директорот на училиштето „Ѓорги Сугарев“, Роберт Филиповски, изрази благодарност до градоначалникот и Програмата Ромактед 2, нагласувајќи дека донесената одлука од општината туторската настава да продолжи, навистина е за поздравување, затоа што кај учениците забележан е видлив напредок со постигнати големи резултати.