СО ОПШТИНСКА ПОДДРШКА СЕРТИФИЦИРАНИ 10 АСИСТЕНТИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

СО ОПШТИНСКА ПОДДРШКА СЕРТИФИЦИРАНИ 10 АСИСТЕНТИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес им ги додели сертификатите на десетте лица кои изминатите три месеци посетуваа обука за лични асистенти на лицата со попреченост. Обуката се реализираше во соработка со општинската организација на  Црвен крст Битола, а согласно Програмата за социјална заштита на Општина Битола, за оваа намена, беа издвоени 200.000 денари од општинскиот буџет. Со завршувањето на обуката, сертифицираните лични асистенти, се обучени за поддршка на лицата со попреченост и можат работно да бидат ангажирани.

Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на лицата кои ја завршија обуката им посака успешен работен ангажман, исполнет со одговорност, хуманост и посветеност во работењето.

Согласно измените во Законот за социјална заштита, се зголемува бројот на корисници на услугите за лична асистнција, а Општина Битола, со реализацијата на овој проект, за добробит на граѓаните, настојува да обезбеди доволен број лица кои ќе бидат оспособени за работа како лични асистенти кои ќе овозможат помош во секојдневното живеење на лицата со физичка попреченост или слепите лица. Минатата година, со овој проект беа обучени 24 лица, а дел од нив веќе се работно ангажирани.