Креативност, топлина, ентузијазам и прекрасни чувства, денес го исполнија просторот на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола. Децата со своите прекрасни рецитаторски и музички точки, ги разбрануваа срцата на присутните, а радост и топли насмевки зрачеа од лицата на гостите. Настанот со внимание го проследи и градоначалничката на Општина Битола, која заедно со Дедо Мраз, со новогодишни пакетчиња и топла порака им посака најискрени желби на децата од Заводот „Кочо Рацин“. „Да бидам искрена се чувствувам магично. Човек да се наоѓа во толку убава атмосфера, во вака добар амбиент, навистина е привилегија. И кога размислувам вака, која е најголемата привилегија да се биде градоначалник, мислам токму на ваквите моменти. Драги мои дечиња, да сте ми здрави, живи, среќни, да ги слушате Вашите најблиски, Вашите претпоставени, вработените кои се грижат за Вас…И не заборавајте: Дедо Мраз постои! Тој е љубов, а таа е најважна во животот. Се најубаво во Новата година“, им посака градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, на децата во Заводот „Кочо Рацин“. И овојпат се потврди дека: Детската љубов е најчиста и најискрена. Топлата прегратка и новогодишниот подарок од Дедо Мраз, како силна светлина заблеска наоколу, изразувајќи ја големата радост на децата.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор