Пожарникарите од ТППЕ Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денес продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве се соочуваме со големи пожари. Состојбата во моментот е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување.
Екипите остануваат на терен се до комплетно ликвидирање на пожарот.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2024/07/10-1-783x522.jpg)