Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на дваесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија.
Присутните делегати на состанокот дискутираа на две теми: првата, посветена на активностите и состојбите околу пристапниот процес на Македонија кон европското семејство, а втората тема, се однесуваше на состојбите со енергетска криза во Европа и тоа што македонските општини можат и треба да прават.
Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Дејвид Гир, во своето обраќање нагласи дека, локалните власти ја играат клучната улога во пристапувањето во ЕУ, бидејќи околу 70 проценти од правилата во Европската Унија се спроведуваат преку локалните самоуправи.
Настанот го отворија претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со Јасна Габриќ, градоначалничка на словенечката Општина Трбовље, како ко-претседавачки на ова заедничко тело.
Средбите на Заедничкиот консултативен комитет, се одржуваат два пати во годината, наизменично во Брисел и во Скопје.