Општина Битола ги известува граѓаните дека при тековно одржување на улиците во градот во делот кај мостот во близина на Безистенот, констатирано е дека има оштетеување на еден од носачите на мостот, при што локалната самоуправа пристапи кон решавање на проблемот.
Заради безбедносни причини мостот ќе биде привремено затворен и сообраќајот ќе се одвива со променет режим.