СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Почитувани граѓани,

реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“ е се уште во тек и Општина Битола го нема преземено објектот од изведувачот. Се до официјалното примање на oбјектот, за тековната состојба на терен одговорноста ја носи изведувачот.

По однос на денешниот настан на ул. „Рузвелтова“, општината ќе ги преземе сите потребни законски чекори. Веќе е побарана одговорност и образложение од изведувачот на осветлението, за несоодветната прицврстеност на канделабрите.

Општина Битола апелира до изведувачите дека во ниту еден случај при изведување на градежните работи, не смее да биде загрозена безбедноста на граѓаните.