СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање , рокови за постигнување на граничните вредности , маргини на толеранција за гранична вредност , целни вредности и долгорочни цели ( Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12. 2017 ) во кој е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи , Ве информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 1

За период Битола 1
24.02.2021 101.285 ( µg/m3)
25.02.2021 104.564 ( µg/m3)

Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух во која членуваат и претставниците на Секторот здравство , во случај на надминување на прагот на информирање за PM10 , односно :

  • да се користи јавниот превоз
  • возилата да не се користат без поголема потреба
  • да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел , стиропор , ПЕТ амбалажа , парчиња гума или било кој друг синтатички материјал
  • правилно да се користат печките на дрва

Министерството за здравство и  Институтот за јавно здравје ги дава следните препораки :

  • да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца,стари лица,болни од хронични болести на белодробниот и срцево садовен систем , со посебен ризик за болните од белодробна астма ) , но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот .
  • покрај ова , се препорачува земање на витамини (антиоксиданси) , главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје) , по потреба и додатоци односно суплементи .
  • хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапиија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.