СООПШТЕНИЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРАГ НА ИНФОРМИРАЊЕ

СООПШТЕНИЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРАГ НА ИНФОРМИРАЊЕ

Почитувани,

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Битола – Битола 2, Тетово и Прилеп.

 

  Битола 2 Тетово Прилеп
02.01.2023 139.00 143.57 123.64
03.01.2023 163.04 160.93 122.03

 

*концентрациите за PM10 се изразени во mg/m3

Препораките до граѓаните при надминување на прагот на информирање дадени од Интерсекторската работна група за квалитет на воздухот се поставени на порталот за воздух http://air.moepp.gov.mk