СООПШТЕНИЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРАГ НА ИНФОРМИРАЊЕ

СООПШТЕНИЕ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ПРАГ НА ИНФОРМИРАЊЕ

Датум:27.12.2017

Предмет: Соопштение за надминување на праг на информирање

Почитувани,

Согласно Уредбата за надминување и надополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на гранични вредности, маргини на толеранција за гранични вредности, целни вредности и долгорочни цели (Сл.весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017год) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани частички со голенина од 10 микро метри (надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат во мерните места Битола1 и Битола 2

За период Битола 1 Битола2
25.12.2017 127µg/m3 116µg/m3
26.12.2017 214µg/m3 180µg/m3

Препораки до граѓаните  при надминување на прагот на информирање се следниве:

  • Да не се користи за затоплување на просториите прегорено отпадно моторно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, PET амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал.
  • Да се користи јавниот превоз
  • Возилата да не се користат без поголема потреба
  • Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
  • Правилно да се користат печките на дрва.

Министерството за здравство  и Институтот за јавно здравје на РМ ги даваат следните препораки:

 

  • Ограничени движења на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцевиот систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма) но и за лица кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони во градот.

Со почит,

Изработил:

Љубо Атанасовски