СОВЕТОТ ЕДНОГЛАСНО ЈА УСВОИ ОДЛУКАТА ЗА БРИШЕЊЕ НА МИКРОЛОКАЦИЈАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН

СОВЕТОТ ЕДНОГЛАСНО ЈА УСВОИ ОДЛУКАТА ЗА БРИШЕЊЕ НА МИКРОЛОКАЦИЈАТА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ФУДБАЛСКИОТ СТАДИОН

На барање на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, дневниот ред на денешната Седница на Советот на општина Битола, беше дополнет со одлука за  измена на Програмата за поставување на урбана опрема на јавни површини на подрачјето на Општина Битола. Одлуката беше едногласно усвоена од страна на општинскиот Совет.

Со нејзиното донесување, согласно членот 1 се врши десетта измена на Програмата за поставување на урбана опрема на јавните површини на Општина Битола, така што во точката 5 се брише Микролокацијата 6 – пред Фудбалски Стадион „Тумбе Кафе“ (прилог бр.7), а општинската администрација се задолжува истата да ја спроведе и да преземе мерки за отстранување на објектите поставени на микролокацијата од членот 1 на оваа одлука.