По целосната реконструкција на ул. „Димитар Илиевски Мурато“, Општина Битола пристапи и кон уредување на тротоарската површина на улицата.
Градоначалничката на Општина Битола изврши увид во финалните работни активности, со кои улицата доби сосема нов лик и се заокружува една комплетна инфраструктурна целина.
По реконструкцијата на улицата, која опфаќаше промена на дотраената водоводна инсталација и поставување на нов асфалт на коловозот, се постави и ново улично лед осветлување. Улицата доби ново хортикултурно решение, поставени се клупи и направен е нов детски парк, на задоволство на жителите на овој дел од градот.