Започна санацијата на ударните дупки на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Екипи на КЈП „нискоградба“ деновиве ќе го санираат просторот кој е дел од паркинг зоната на новото јавно претпријатие за паркинзи во рамките на општината, ЈПП ЈЛП Битола. Екипите на КЈП „Нискоградба“ на терен вршат порамнување и асфалтирање на оштетените делови на паркингот.