СЕ РЕШАВААТ ДЕЦЕНИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО НАСЕЛБАТА ДЕВЕАНИ

СЕ РЕШАВААТ ДЕЦЕНИСКИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО НАСЕЛБАТА ДЕВЕАНИ

Во моментов на неколку локации во населбата Девеани се работи на покривање на децениски заостанатата кал. Досега се затворени над 800  каллива површина, а активностите продолжуваат и во наредниот период.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска се сретна со локалното население, кое се заблагодари на интервенциите за санација на нивните улици. Дечињата со радост и насмевка велат дека сега можат да играат и да трчаат, без да ја донесат прашината и калта во нивните домови.

Реконструктивните зафати во овој потег продолжуваат и понатаму, а наскоро ќе биде затворена нова делница, со што ќе се реализира уште еден проект на решавање на проблем  на лице со телесен инвалидитет.