СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ НА ПЕЛИСТЕР ОД ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ ДО МОЛИКА

СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ НА ПЕЛИСТЕР ОД ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ ДО МОЛИКА

Започнат е проектот за проширување, ревитализација, реконструкција и
асфалтирање на патот од Битола па се до Хотел Молика на Пелистер. Во
моментов се работи на првата фаза која го опфаќа делот од Детското
одморалиште па се до Хотел Молика, чиј изведувач е ЈП „Македонија
пат“.

„Заедничката соработка меѓу локалната самоуправа, институциите и
Владата на Република Македонија, се разбира пред се Јавното
претпријатие за државни патишта, Македонија пат и Националниот парк
„Пелистер“ придонесоа да направиме еден исклучителен зафат, а тоа е
проширување, реватализација, реконструкција и асфалтирање на патот кој
што води од Битола до Молика.“ истакна градоначалникот д-р Владимир
Талески.

Веќе е извршена реконструкција, ревитализација и асфалтирање на дел
од патот, а моментално се работи и на останатиот дел од патот со
вкупна должина од 6 километри. Проектот го финансира Јавното
претпријатие за државни патишта, а вредноста на истиот е околу 6
милиони денари.

asfalt 1 asfalt 3

SONY DSC

SONY DSC