СЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“

СЕ АСФАЛТИРА ПАРКИНГ ПРОСТОРОТ КАЈ СПОРТСКАТА САЛА „БОРО ЧУРЛЕВСКИ“

Уредувањето на паркинг просторот кај спортската сала „Боро Чурлевски“, влегува во завршна фаза. Денес, започна асфалтирањето на просторот, како дел од проектот кој се реализира на површина од 7632 метри квадратни и вклучува фаза реконструкција на атмосферска канализација, коловоз и електротехника, односно соодветно осветлување на просторот. За реализација на овој проект, локалната самоуправа, од општинскиот буџет инвестира 18.301.800 денари.

Во завршна фаза е и уредувањето на Спортската сала „Боро Чурлевски“, која добива нов лик пред почетокот на Лигата на шампионите.