Започна асфалтирањето на реконструираните спортски терени во училишниот двор на ОУ „Тодор Ангелевски“ во Битола. Терените ќе бидат наменети за мал фудбал, кошарка, тенис и одбојка, заедно со потребните спортски реквизити, а паралелно се врши хортикултурно уредување. Дополнително на спортските терени ќе биде поставено осветлување, со цел истите да се користат и во ноќните часови.
Градоначалничката на Општина Битола и тимот кој што работи на овој проект извршија увид во теренските активности и беа запознати со динамиката на изведба. Општина Битола за реконструкцијата на спортските терени издвои над 3.700.000 денари.