СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 43 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“

СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 43 ИЗДАНИЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“

Заменик градоначалникот на општина Битола, Боjaн Бојкоски, ги додели наградите на најуспешните учесници на затворањето на 43 издание на Малиот Битолски Монмартр. Највисоките награди, оваа година беа доделени на: најдобриот учесник – ученик на светската детска ликовна колонија Лау Јун Џи од училиштето „Едноставна Уметност“ од Хонг Конг, Кина, за најдобро училиште беше наградено ателјето на професорот Вејсел Аџар од Трабзон, Турција, а беа прогласени и 12 индивидуалци кои прикажале посебен уметнички пристап во своето творештво.

Општина Битола, традиционално го поддржува Малиот Битолски Монмартр, на кој годинава зедоа учество 21 делегација од 20 држави од светот, а твореа над 120 учесници од вкупно 180 гости.