Започна санирањето со тампон на улиците во село Егри. Од предвидените четири краци во должина од 400 метри, два веќе се тампонирани, а деновиве ќе бидат завршени и другите два краци. Надлежните служби од општинската администрација и претставник од Советот на Општина Битола, денес на терен извршија увид во реализацијата на активностите и се сретнаа со дел од жителите на селото, со кои разговараа за проблемите со кои се соочуваа жителите од овие улици, движејќи се низ калливи и речиси непроодни улици.
Со санацијата на улиците која е во тек, овие проблеми ќе бидат надминати.