Затворен уште еден каллив потег во населбата Горно Оризари, на крак од улицата Костурска. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска го посети местото на изведба и оствари средба со локалното население, кое изрази благодарност за интервенциите кои што се преземаат во овој дел од градот.
Посетата на населбата Горно Оризари на градоначалничката Петровска и дел од тимот задолжен за реализација на проектите, беше искористена и за одредени предлози за натамошно инфраструктурно подобрување.