САЕМ НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА НА МАГНОЛИЈА

САЕМ НА СРЕДНИ УЧИЛИШТА НА МАГНОЛИЈА

Шесте општински средни училишта и Државното музичко училиште, се претставија пред идните средношколци со можностите кои што им ги нудат при изборот на образованието.

Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска го посети саемот и разговараше со надлежните професори и директорите за наставните програми кои што им се нудат на идните средношколци. Учениците практично ги презентираа нивните знаења, умеења и вештини пред заинтересираните граѓани, кои што добиваа информации за бенефитот од запишувањето во одредено средно училиште.

Во новата учебна година СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ од Битола воведува дуално образование преку нов образовен профил Техничар за индустриска мехатроника. Дуалното образование е овозможено во соработка со Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Министерството за образование и наука и компанијата „Кромберг и Шуберт“.

Саемот на средните училишта е можност на  едно место учениците да се запознаат со понудените програми за следната учебна година и да направат свој избор каде ќе го прдолжат школувањето.