ПРОЦЕДУРА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ
Потребна документација
За издавање на Решение за утврдување на режим на сообраќај, барателот поднесува писмено Барање до Општината (образец на барањето се добива на шалтер или од интернет страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk – линк формулари)
Кон барањето се доставува следната документација:
1. Основен сообраќаен проект за режим на сообраќајот во 4 (четири) примероци;
2. Извештај за извршена ревизија на Основниот сообраќаен проектот за режим на сообраќај во 4 (четири) примероци;
3. Доказ за платена административна такса во износ од 1.350,оо денари (бланко уплатница ПП 50 се добива на шалтер, а начинот на пополнување може да се види од интернет страницата на Општина Битола, www.bitola.gov.mk – линк уплатници);
Постапка за издавање на Решение за утврдување на режим на сообраќај
Општината во рок од 8 (осум) работни дена од денот на приемот на барањето ќе ја разгледа доставената документација, ќе утврди дали истата е комплетна и дали Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и Извештајот за извршената ревизија се изработени во согласност со законските прописи од областа на сообраќајот.
Доколку доставената документација е комплетна, а Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и Извештајот за извршената ревизија се изработени во согласност со законските прописи, надлежниот орган на Општината ги доставува Основните проекти за режим на сообраќајот со Извештаите за извршената ревизија до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот.
МВР-СВР Битола е должен во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај.
Доколку е добиено позитивно Мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќај.
Доколку се добие негативно мислење од МВР-СВР Битола со насоки за корекција на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена со писмено известување ќе ги достави Основниот сообраќаен проект и извештајот од извршената ревизија до барателот, со укажување истиот да постапи по забелешките во рок од 3 (три) работни дена и корегирани да ги достави повторно до Општината.
Корегираниот Основен сообраќаен проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината повторно ќе го достави до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на истите.
МВР-СВР Битола е должно во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за режим на сообраќајот и извештајот за извршената ревизија.
Доколку е добиено позитивно Мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќајот.
Постапка кога доставената документација не е комплетна или е со недостатоци
– Ако барањето содржи некој формален недостаток што го спречува постапувањето, или барањето е неразбирливо или нецелосно, Органот на подносителот ќе му определи рок во кој е должен да ги отстрани недостатоците. Ова може да му се соопшти на подносителот по телефон, а и усно ако подносителот се затече кај органот кој ова го соопштува. За стореното соопштение органот ќе стави забелешка на списот. Ако барателот ги отстрани недостатоците во определениот рок, ќе се смета дека поднесокот бил од почеток уреден. Ако подносителот не ги отстрани недостатоците во определениот рок, па поради тоа не може да се постапува по барањето, ќе се смета дека барањето не е ни поднесено, за тоа органот ќе донесе Заклучок против кој може да се изјави посебна жалба. На оваа последица подносителот особено ќе се предупреди во поканата за исправка на поднесокот.
– Доколку доставената документација не е комплетна и /или Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот не е изработен во согласност со законската регулатива од областа на сообраќајот, надлежниот орган на Општината е должен писмено да го извести барателот со укажување истиот да ги отстрани констатираните недостатоци и/или да го дополни барањето, во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известувањето.
Доколку барателот не ги отстрани констатираните недостатоци и не го дополни барањето во дополнително определениот рок, органот не може поради тоа да го отфрли барањето како да не е ниту поднесено, туку е должен да ја продолжи постапката и во согласност со правилата на постапката и според материјалниот пропис, да ја реши управната работа.
Доколку барателот ги отстрани констатираните недостатоци и го дополни барањето, надлежниот орган е должен да ја продолжи постапката, да ги достави Основните сообраќајни проекти за утврдување на режим на сообраќајот со Извештаите за ревизија до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот.
МВР-СВР Битола е должен во најкраток можен рок да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот и Извештајот за извршена ревизија.
Доколку е добиено позитивно мислење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќајот.
Доколку се добие негативно мислење од МВР-СВР Битола со насоки за корекција на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќајот, надлежниот орган на Општината е должен во рок од 3 (три) работни дена со писмено известување или на друг погоден начин да го достави Основниот сообраќаен проект и Извештајот од извршената ревизија на барателот, за истиот да може да постапи по забелешките во рок од 3 (три) три работни дена и корегирани повторно да ги достави до Општината.
Корегираниот проект и извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината го доставува до МВР-СВР Битола со барање за добивање на Мислење по однос на истите.
МВР-СВР Битола е должно во најкраток можен да достави до Општината Мислење по однос на Основниот сообраќаен проект за утврдување на режим на сообраќај и Извештајот за извршената ревизија.
Доколку е добиено позитивно миослење од МВР-СВР Битола за Основниот сообраќаен проект и Извештајот за извршената ревизија, надлежниот орган на Општината во рок од 3 (три) работни дена ќе донесе Решение за утврдување на режим на сообраќај.
Уплатница за административни такси
Контакт лице: Валентина Трифунова, Советник за превоз во патен сообраќај
тел: 047 208 305
е-mail: valentina.stefoska@gmail.com