РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦА „ШИРОКА“

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА УЛИЦА „ШИРОКА“

Во тек е гребење на постоечкоит асфалт, со цел да се изврши рехабилитација на ул. „Широка“, по што треба да се изврши асфалтирање, со претходно нивелирање на постоечки капаци од шахти и сливници.

Рехабилитацијата на коловозот на „Широка“ е во насока улицата да се спои со постоечката инвестиција, која Општина Битола ја направи во изминатиот период, се со цел да се добие целосна, заокружена слика за овој дел.