РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДРЖАВЕН ПАТ ДЕЛНИЦА БИТОЛА – НОВАЦИ

РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДРЖАВЕН ПАТ ДЕЛНИЦА БИТОЛА – НОВАЦИ

Во тек е реализацијата на проектот „Рехабилитација на државен пат Р1311 делница Битола – Новаци“. Рехабилитацијата на патот, се врши во должина од 10 km, на потегот од РЕК Битола до железничката пруга кај Дулие. Реализацијата на активностите се одвива со зголемена динамика, така што се очекува проектот да биде реализиран пред крајниот рок 10 септември. Асфалтирањето, согласно проектот се врши во еден или два слоја, при што се врши и санација на ударни дупки. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 61 395 000 денари.