РЕНОВИРАЊЕТО НА „КОПАНКИ“ Е ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ БИТОЛЧАНИ

РЕНОВИРАЊЕТО НА „КОПАНКИ“ Е ВО ИНТЕРЕС НА СИТЕ БИТОЛЧАНИ

Општината се залага за реновирање на Планинарскиот дом „Копанки“, но условите мора да бидат презицирани и во корист на сите граѓани, бидејќи овој дом, сеедно кој го поседува, треба да биде објект од јавен интерес, а финансирањето со јавни пари бара и регулирани основи и односи, рече градоначалничката Наташа Петровска, коментирајќи ги последните случувања околу Планинарскиот дом „Копанки“ во Битола.

„Уште во предизборната кампања се заложив за изградба на планинарскиот дом „Копанки“. Општина Битола има средства да го санира домот, меѓутоа, средствата кои што ќе бидат одобрени треба да се дадат откако ќе биде склучен договор со ПСК „Пелистер“, за тоа кој ќе управува со тој дом, бидејќи е од јавен интерес, а општината мора да го штити тоа. Направивме повеќе обиди како да го решиме ова, но од другата страна немавме никаков слух. Претседателот Диме Попов лично со мене контактираше во повеќе наврати. Она што ме чуди е што истата личност во периодот кога беше советник, велеше дека средствата кои тогаш ги бараше СДСМ како опозиција и нивните партнери да се одобрат за Копанки е рано, не треба да се направи во тој период, со образложение дека Планинарскиот дом Копанки бил граден во друг општествен систем по други закони, што стои во записниците на општината од седниците на совет, при тоа споменувајќи дека врз објектот не била завршена легализацијата. Легализацијата заврши во 2015 година и се поставува прашањето, зошто откако откако легализацијата била завршена Диме Попов не презел никакви активности за да се надмине проблемот во тој период кога јас не бев градоначалник. Сега, кога сите услови се исполнети и општината пројавува иницијатива, повторно се појавува проблем околу тоа дали и како треба да биде саниран планинарскиот дом. Очигледно, некои математики некому не му излегуваат“, рече Петровска пред новинарите.

Петровска посочи дека на седница на Совет може да биде утврдено строго што може, а што не може да направи градоначалникот во однос на Планинарскиот дом „Копанки“, така што обвинувањата упатени на нејзина сметка дека го запира процесот на реновирањето на „Копанки“, немаат никаков основ.