РЕКОНСТРУКЦИЈА СО ДОГРАДБА НА ПРОПУСТ НА РЕКА КУРДЕЛЕС

РЕКОНСТРУКЦИЈА СО ДОГРАДБА НА ПРОПУСТ НА РЕКА КУРДЕЛЕС

Започна реконструкцијата со доградба на пропуст на река Курделес, на улицата Довлеџик во Битола.

Со реконструктивните зафати ќе се санира и проширува постоечкиот пропуст, а за овој проект Општина Битола издвои 10.378.100 денари.

Реконструкцијата е дел од Програмата на градоначалничката Наташа Петровска, во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола.