РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „СОЛУНСКА“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „СОЛУНСКА“

Започна реконструкцијата на ул. „Солунска“, која според потпишаниот договор ќе се изведува на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“, до спојот со ул. „Тошо Даскало“. Реконструкцијата опфаќа промена на водоводната мрежа, промена на мешовитата канализација и нов коловоз. Вредноста на оваа инвестиција е 20.632.300 денари.

Реконструкцијата на улицата ќе се одвива во фази. Првата фаза ќе се реализира на потегот од раскрсницата со ул. „Климент Охридски“ до завршувањето на островчето, кое ја дели улицата во две едносмерни насоки.