Проблемот со санитарните јазли во ОУ д-р Трифун Пановски, кој се провлекуваше години наназад, конечно ќе биде надминат.
Деновиве интензивно се работи на нивна санација, а потоа ќе се санираат и дел од подовите во ходниците во училиштето, за кои локалната самоуправа издвои средства од буџетот на општината во вредност од 1.800.000 денари.
Со ова продолжува заложбата на општината за подобри услови во образовните институции во градот.